Уапсени лицата кои споделија фотографии од телото на Сала од мртовечница

Аргентинската полиција соопшти дека поради сомнеж за објава на фотографии од телот на починатиот Емилијано Сала уапсени се 62-годишен маж и 48-годишна жена од Коршама. Против нив е покренато обвинение за неовластен пристап кон компјутерски материјал и злонамерни комуникации.

„Згрозени сме од фактот дека некој можел да подели такви фотографии на социјалните мрежи. Семејството Сала минува низ тежок период во животот и не им требаат дополнителни трауми“ – соопштија од полицијата.

Инспекторот Гема Винтон повика да се прекине со ширењето по социјалните мрежи на фотографијата од Сала. Тој чин силна осуда доби и од челниците на француски Нант, како и од Кардиф, несудениот клуб на аргентинскиот напаѓач.

Се вчитува...