По вчерашниот натпревар помеѓу Победа и Шкендија Арачиново, кој заврши со минимална победа од 0-1 на гостинскиот тим, се случи инцидент, откако еден навивач се обиде насилно да влезе во соблекувалната на гостинскиот тим.
Во видеото објавено од „Опен ТВ“ се гледа како едно лице со нозе го пробива заштитниот дел од соблекувалната на Шкендија. Полицијата вчера веднаш го приведе, и го однесе во полициска станица, по што од МВР истакнуваат дека против него ќе следува соодветна пријава.
„На 01.11.2025 во 15:30 часот на градскиот стадион „Гоце Делчев“ во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишија од слобода Ф.З.(33) од Прилеп затоа што го нарушил јавниот ред и мир со оштетување и уништување инвентар и други делови од спортскиот објект. Тој е задржан во полициска станица и по целосно документирање на настанот, против него ќе следува соодветна пријава“, стои во соопштението на МВР.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

