Убедлив пораз на Џенова, 30 минути за Пандев

Џенова ја очекува тешка битка за опстанокот во Серија А до крајот на првенството, откако со убедливи 3-0 загуби на гостувањето против Торино.

Во 33. коло од италијанскиот шампионат, Торино триумфираше со головите на Бремер во првото полувреме, и Лукиќ и Белоти во вториот дел.

Капитенот на македонската репрезентација Горан Пандев ги одигра последните 30 минути на мечот кога влезе во игра на местото на Санабрија.

Се вчитува...