Убедлив пораз на младите ракометарки од Унгарија (18-33)

Младата репрезентација на Македонија за ракометарки до 19 години доживеа убедлив пораз од 18-33 од селекцијата на Унгарија во првото коло од квалификацискиот турнир за пласман на ЕП 2017 во Словенија, кој се игра во Скопје.

Македонските ракометарки не можеа да им парираат на далеку поквалитететните противнички кои од самиот почеток имаат комплетна контрола на играта и на резултатот.

makedonija - ungarija mladi

Сепак, шансата на Македонија за пласман на ЕП се следните два натпревари во групата. Место на ЕП во Словенија ќе обезбедат двете првопласирани селекции од квалификациската група, во која се уште и Молдавија и Фарските острови. Утре, од 19:30 часот Македонија го игра вториот квалификациски натпревар, против Молдавија.

Се вчитува...