Убедлив пораз на женската фудбалска репрезентација од Србија

Женската фудбалска репрезентација доживеа нов убедлив пораз во квалификациите за пласман на Европското првенство 2021 година. Овојпат подобри од црвено-жолтите дами беа Србинките со 8-1.

Србија со двата гола на Полјак до 8. минута веќе имаше предност од 2-0. Сепак, нашите дами заиграа подобро и преку Рочи успеаја да намалат на 2-1 во 14. минута. Клучниот момент на мечот се случи во 39. минута кога стрелецот на голот, Рочи го доби вториот жолт картон по кој избраничките на Кирил Изов мораа до крајот на мечот да играат со играч помалку.

Филиповиќ во 45. минута зголеми на 3-1, а во второто полувреме Србинките до врв го наполнија голот на Панчурова. Дамјановиќ во 49. донесе водство од 4-1, а до крајот во листата на стрелците се запишаа и Цанковиќ на два пати, Филиповиќ и Радојичиќ за конечни 8-1.

Македонија останува четврта на табелата во Г групата со само една победа, против репрезентацијата на Казахстан која е единствена полоша пласирана од нас.

Се вчитува...