Убедлив пораз на женската репрезентација од Србија (0-6)

Македонската женска репрезентација доживеа убедлив пораз од 0-6 (0-3) во третиот свој натпревар од квалификациите за пласман на Европското првенство.

По претходниот триумф над Казахстан, овој пат избраничките на Кирил Изов беа немоќни против големиот фаворит кој до победата стигна со погодоците на Благојевиќ во 4. и во 34. минута, Филиповиќ во 38. минута, како и на Вуковиќ во 46. и 61. минута како и Стефановиќ во 82. минута за конечни 0-6.

Се вчитува...