Македонската женска репрезентација до 17 години, претрпе убедлив пораз од Финска во рамите од квалификацисии за пласман на ЕП, откако загубија со убедливи 9-0 на теренот во Врбовец, во близината на хрватскиот главен град Загреб.
На полувреме финските репрезентативки имаа предност од 4-0 со головите на Сарелиус, Оуласвирта, Купила и Сурака.
Во вториот дел гол сријата ја продолжи Сурака со три гола во 55-тата, 57-мата и 63-тата минута. Меро и Бјорданл во 70, односно 71. минута ги поставија конечните 9-0.
Ова беше втор пораз за македонските надежи, откако во првото коло беа поразени од Италија со 2-0. Во следното, последно коло, Македонија ќе игра против домаќинот Хрватска.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

