Удар за Барса: Гризман „во аут“ до крајот на сезонава

Барселона се соочува со сериозен проблем во пресрет на завршницата од сезонава откако Антоан Гризман заработи повреда на вчерашниот дуел со Валјадолид. Тренерот Сетиен објави дека Гризман морал да биде заменет на полувремето откако се пожалил на повреда, а утринските лекарски прегледи донесоа лоша вест за Барселона.

„Гризман има повреда на квадрицепсот на ногата, поради што ќе мора да паузира извесно време. Точната должина на паузата засега не е позната, но тој дефинитивно нема да може да настапи на последните две средби сезонава во Ла Лига“, објавија од лекарскиот тим на Барса.

Французинот ќе ги пропушти последните натпревари со Осасуна и со Алавес, но многу позначајно за Барса е што е крајно неизвесно дали ќе може да се врати за дваесетина дена, кога каталонскиот гигант ќе го игра реваншот од осминафиналето во ЛШ против Наполи.

Се вчитува...