Удар за „триколорите“: Карабатиќ го пропушта ЕП!

Франција ќе биде сериозно ослабена за претстојното Европско првенство откако Лука Карабатиќ заработи повреда на последниот меч од Лигата на шампионите против Барселона.

Деталните прегледи покажаа сериозен проблем – дислокација на прстот на десната рака, поради што е неопходно врз искусниот пивот да биде извршен хируршки зафат. Воедно, лекарите препорачаа пауза од најмалку шест седмици, што значи дека Карабатиќ нема да може да настапи на ЕП 2020.

Франција е носител на групата Д од европскиот шампионат, во која ќе учествуваат и селекциите на Норвешка, Португалија и БиХ.

Се вчитува...