Удинезе не го пушта Несторовски во Сампдорија!

Италијанскиот калчолигаш Удинезе не сака да го пушти македонскиот интернационалец Илија Несторовски во Сампдорија, откако посериозно се повреди Жерар Делофеу пренесуваат италијански медиуми.

Несторовски е во фокусот во Италија поради можен трансфер шест месеци пред да му истече договорот. Имаше заинтересираност од второлигашот Реџина, а заинтересиран е и тренерот на Сампдорија Дејан Станковиќ кој бара секаква можност за спас од испаѓање.

Иако Несторовски е дури четврти напаѓач на Удинезе црно-белите го блокираат трансферот поради повредата на Делофеу и дека заминувања од клубот ќе бидат можни само на лето, кога на Несторовски му истекува договорот.

Македонскиот репрезентативец е дел од Удинезе од летото 2019 година кога Палермо банкротираше, па дојде како слободен играч, а летоска го продолжи договорот на „Дачија Арена“ за една сезона.

Се вчитува...