УЕФА ги награди најдобрите: Халанд, Гвардиола, Бонмати и Вигман

УЕФА ги прогласи најдобрите идндивидуално за минатата сезона. Најдобар играч очекувано е Ерлинг Халанд, кој со Манчестер Сити во својата прва сезона ја освои титулата во Лигата на шампионите, а тимот ги освои и трофеите во Премиерлигата и во Купот.

Неговиот тренер Пеп Гвардиола е прогласен за тренер на годината.

Најдобра фудбалерка е Аитана Бонмати од Барселона и од шпанската фудбалска репрезентација која освои злато на штотуку завршеното Светско првенство. Најдобар тренер во женски фудбалер е селекторот на англиската женска репрезентација Сарина Вигман.

Претседателската награда на УЕФА ја освои екс напаѓачот на германската репрезентација Мирослав Клосе.

Најдобар фудбалер: Ерлинг Халанд (Манчестер Сити)

Најдобра фудбалерка: Аитана Бонмати (Барселона)

Најдобар тренер: Пеп Гвардиола (Манчестер Сити)

Најдобар тренер во женски фудбал: Сарина Вигман (Англија)

Претседателска награда на УЕФА: Мирослав Клосе

Се вчитува...