Европската фудбалска федерација (УЕФА) му забрани на Огњен Врањеш да ги игра европските натпреварувања со тетоважа на четничкиот војвода, Момчило Џујиќ.
УЕФА отвори истрага против Врањеш по мечот од второто квалификациско коло за Конференциската лига меѓу АЕК и Вележ. По истрагата донесена е конечна одлука, а таа гласи дека Врањеш мора да ја покрие спорната тетоважа која ја има на раката и повикува на фашизам.
Доколку Врањеш не ја прифати одлуката ќе се соочи со голема парична казна и суспензија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА