УЕФА отвори истрага против Македонија поради кршење на корона протоколите

Европската фудбалска федерација УЕФА отвори истрага против фудбалската репрезентација на Македонија за прекршување на корона протоколите при нивниот престој во Амстердам.

Пред натпреварот од последното коло во групата Ц против Холандија, нашите фудбалери заминаа на прошетка низ каналите во Амстердам, што е забрането според протоколите донесени од УЕФА.

Од Европската куќа на фудбалот ќе биде разгледан случајот и дополнително ќе биде одлучено дали и колкава казна за овој прекршок ќе добие Фудбалската федерација на Македонија.

Се вчитува...