УЕФА соопшти: Аплицирање за билети за Супер купот од 13. јуни

Европската куќа на фудбалот денеска и официјално соопшти дека деталите околу иницијалната фаза за аплицирање за Супер купот 2017 кој ќе се игра во Скопје, вклучувајќи и резервацијата на билетите и цената за истите, ќе ги соопшти на 13. јуни.

Аплицирањето за билети за Супер купот меѓу Реал Мадрид и Манчестер јунајтед ќе може да се реализира преку основната официјална страница на УЕФА (на следниот ЛИНК), на кој во меѓувреме, до 13. јуни, ќе може да се следат и сите новости околу Супер купот 2017. Плаќањето на билетите, по нивната резервација и купување, ќе може да се изврши исклучиво со Мастер кард и Виза кредитни картички.

Како што е познато, дуелот меѓу Реал Мадрид и Манчестер јунајтед на националната арена „Филип Втори“ во Скопје се игра на 8. август од 20:45 часот.

Се вчитува...