УФЦ изнајмува приватен остров на кој ќе се организираат борби

Сите спротски настани во светот се суспендирани поради пандемијата од коронавирусот и непознато е кога тие би можеле да продолжат. Двете најголеми спортски смотри летово, ЛОИ во Токио и Европското првенство во фудбал се одложени за 2021 година, а Вимблдон е целосно откажан.

Сепак, првиот човек на УФЦ Дана Вајт вели дека е пред обезбедување на приватен остров на кој ќе се одвиваат борби, а вљубениците на овој спорт ќе можат да уживаат во двобои на најдобрите борци во светот.

„Ден или два ме делат од обезбедување на приватен остров. Не можам светските борци да ги донесам во САД, па затоа мора да изнајмам приватен остров. Веќе сум на пат кон обколка на неколку острови кои треба да бидат домаќини на нашите борби“, изјави Вајт.

Се вчитува...