УФЦ се враќа во мај, домаќин Флорида

Најголемата ММА организација во светот УФЦ го најави враќањето на борбите веќе во мај месец. УФЦ 249 кој требаше да се одржи на 18. април беше одложен поради пандемијата од коронавирусот. ЕСПН објави дека сепак настанот ќе се одржи и тоа на 9. мај, а најверојатно домаќин ќе биде Флорида.

Атлетската комисија на Флорида и власта подготвени се да дозволат организација на настанот на кој ќе бидат преземени сите мерки за заштита. Главна борба на вечерта ќе биде меѓу Тони Фергусон и Џастин Гатје, а во бантам категорија Хенру Цехудо ќе ја брани титулата против Доминик Круз.

Се вчитува...