Унаи Емери ќе го преземе Вилјареал од следната сезона

Поранешниот менаџер на Арсенал, Унаи Емери, се враќа во Ла Лига и од следната сезона ќе го предводи Вилјареал, тврдат шпанските медиуми „Ас“ и „Марка“. Тој потпишал преддоговор со шпанскиот клуб уште во март, пред да се случи прекинот на првенството поради пандемијата на коронавирус.

По пауза од три месеци ла Лига продолжи, а вчера го имаше и својот крај на актуелниот шампионат во кој Вилјареал стигна до петтата позиција и обезбеди место во Лигата на Европа следната сезона.

„Имам чиста совест бидејќи дадов се за да го извлечам најдоброто од овој тим. Клубот треба прво да разговара со мене, јас имам договор и секако ќе следат разговори за следната сезона“, изјави актуелниот тренер на Вилјареал, Хавиер Каљеха.

Се вчитува...