Унион Берлин „гази“ и во Купот: Го елиминираше Волфсбург и се пласираше во 1/4 финале

Унион Берлин не застанува ниту во Купот на Германија. Вечерва „хитот“ на Германија го совлада и Волфсбург, за палсман во 1/4 финалето во ова натпреварување.

Волфсбург беше тимот кој поведе преку Валшмид, а Кнохе во 12. минута израмни по асистенција на Јурановиќ.

Во 79. минута Бехренс ја донесе победата на Унион и пласманот во 1/4 финалето. Таму претходно се пласираше и тимот на Штутгарт, кој со пресврт го совлада Падерборн.

Се вчитува...