Унион Берлин го доби градското куп дерби против Херта (ВИДЕО)

Унион славеше на гостувањето кај Херта во градското куп дерби на Берлин со 2-3 и се пласираше меѓу осумте најдобри во Купот на Германија. Волгсамер во 11. минута донесе водство за гостите од 0-1, а на 0-2 зголемија со автоголот на Старк во 50. минута.

Со автогол на Кедира, домаќините успеаја да намалат на 1-2, но само минута подоцна Ноче зголеми на 1-3. Конечните 2-3 ги постави Сердар во 95. минута.

Во вториот натпревар од понудата од 20.45 Фрајбург славеше на гостувањето кај Хофенхајм со 1-4.

 

 

Се вчитува...