Урнебесен одговор на Карловиќ на прашањето Федерер или Надал – „Никој, па јас сакам девојки“

Најстариот тенисер на АТП турот Иво Карловиќ даде интересен одговор на прашањето според него кој е подобар Роџер Федерер или Рафаел Надал.

„Рафа или Роџер? Ниту еден, па јас сакам девојки“, изјави накратко Карловиќ. 

Иво Карловиќ е во 41 година од животот и се уште не планира да се повлече од белиот спорт. Во моментов се наоѓа на 124. позиција на АТП листата, а во кариерата најдобропласиран беше 2008 кога во август месец се искачи на 14. место.

Се вчитува...