„УС опен ќе мора да се одржи, ако треба и без Ѓоковиќ и Надал“

Искусниот шпански тенисер Фелисијано Лопез даде свое мислење околу годинашното издание на УС опен. Тенисерите од врвот на АТП листа најверојатно поради екстремните услови во кои се наоѓа светот поради пандемијата од коронавирусот нема да настапат на американскиот грен-слем, а Лопез смета дека тоа не треба да биде проблем за организаторите. Шпанецот ја почитува одлуката на Ѓоковиќ и Надал, но истакнува дека во моментов мора да се мисли на сите кои што се занимаваат со овој спорт, а не само на најдобрите.

„Зборувам во свое име. Јас ќе играм на УС опен. Мислам дека луѓето од организацијата знаат дека голем број на тенисери нема да сакаат да играат. Но, исто така УС опен не зависи само од најдобрите. Секако дека би било одлично ако Рафа и Новак играат“, изјави Лопез. 

И покрај прекинот на тениската сезона поради пандемијата од коронавирусот, датумот за одржување на „Флешинг Мидоус“ останува истиот. Турнирот треба да се игра во периодот од 24. август до 13. септември.

Се вчитува...