Уште еден ас на ПСЖ го пропушта Баерн поради Covid-19

Маурицио Покетно не може да крене глава од проблеми со повреди и болест на фудбалери од првиот ден како тренер на ПСЖ, а главоболките на аргентинскиот стратег продолжуваат и во пресрет на првиот четвртфинален дуел со Баерн Минхен, закажан за среда.

Марко Верати неодамна поради коронавирус беше ставен во самоизолација и го пропушти големото дерби со Лил кое „светците“ го загубија со 0-1. Денеска беше обелоденето дека позитивен на Covid-19 е и вториот италијански интернационалец во тимот на ПСЖ, Алесандро Флоренци. Екс-капитенот на Рома покажал симптоми пред дуелот со Лил, воопшто не играше во саботата, а вчерашниот тест бил позитивен на коронавирус.

Ова е нов сериозен проблем пред мечот со Баерн, каде Флоренци требаше да биде стартер на позицијата десен бек. Сега Покетино ќе мора да избира меѓу Керер и Дагба како „план Б“, иако е очигледно дека и двајцата се предалеку од посакуваната форма.

Се вчитува...