Уште еден фудбалер на Барселона позитивен на коронавирус

На еден час пред почетокот на четвртфиналниот меч од ЛШ против Баерн Минхен, од Шпанија стигнува информација за втор позитивен случај на covid-19 во таборот на Барселона. По Тодибо, денеска позитивен се покажал и тестот врз Самуел Умтити, по што францускиот дефанзивец експресно бил испратен во самоизолација.

„Умтити е асимптоматичен, во добро здравје и е изолиран во неговиот дом. За позитивниот тест ги информиравме надлежните институции“, соопштија од раководството на каталонскиот гигант.

Среќна околност во целата ситуација е што Умтити подолго време е повреден, па тој немал никаков контакт со првотимците на Барса кои отпатувале за Лисабон. Французинот секако немаше шанси за настап на завршниот турнир од Лигата на Шампионите, но по позитивниот тест сега ќе ги пропушти и почетните тренинзи за наредната сезона.

Се вчитува...