Џулиус Рендл е нов кошаркар на Бруклин Нетс. Добро информираниот Шемс Чаранија објави дека ќе има одредени размени пред НБА драфтот, а најголемата дефинитивно беше таа што Јанис Адетокумби премина во Мајами хит.
Истата вечер, Минесота одлучи дека Џулиус Рендл ќе ги напушти Тимбервулвс и во размена на три тима го испратија во Бруклин Нетс (со 28-миот избор од првата рунда), додека Чикаго Булс го добија Ник Клакстон.
Ова значи дека Минесота ја заврши размената со 33-тиот избор, или 3-тиот избор од втората рунда, што е пет позиции пониско од првичниот избор што го имаа.
„Волците“ го направија тоа бидејќи им требаше простор во селари капот за да го одржат овој состав заедно, а веднаш по оваа размена беше објавено дека на Ајо Досунму му е даден петгодишен договор од 121 милион долари.
Ова потпишување ја разјаснува одлуката на Минесота, а тие имаат простор да потпишат уште еден играч. Џулиус Рендл дојде во Минесота од Њујорк Никс, кога Карл-Ентони Таунс заврши во спротивна насока.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
