Уште еден „лав“ си замина од Ѓорче: Јашароски потпиша за Ренова

Серијата заминувања од таборот на Македонија ЃП продолжи и денеска, откако „лавовите“ останаа и без Ален Јашароски. Одличниот напаѓач реши да си замине од Ѓорче Петров и кариерата да ја продолжи во тимот на Ренова, каде ќе биде засилување во пресрет на квалификациите за Лигата на Европа.

„Гипсарите“ останаа без услугите на Бојан Миовски, кој кариерата ја продолжува во МТК Будимпешта, но со доаѓањето на Јашароски е донесена адекватна замена за навалната линија.

Овој 28-годишен голгетер претходно има настапувано и за Работнички, Шкупи, Хоризонт Турново, Металург, Еуромилк, а имаше и кратка меѓународна авантура во дресот на Приштина.

Се вчитува...