Амар Хот направи голем исчекор во кариерата и следната сезона ќе биде дел од НЦАА лигата.
Младиот 23-годишен кошаркар следната сезона ќе настапува за Универзитетот Источен Тексас А&М во Саутленд конференцијата која е дел од НЦАА лигата.
View this post on Instagram
Хот минатата сезона го носеше дресот на Маџари (сега Скопје) со кого играше во финалето на плејофот во Суперлигата каде загуби од МЗТ Скопје.
Тој минатата сезона одигра 32 натпревари за тогашниот КК Маџари и просечно постигнуваше по 13.9 поени по натпревар.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
