Уште еден неверојатен рекорд на Кристијано Роналдо

Кристијано Роналдо продолжува да ги урива рекордите на фудбалската игра откако Португалецот вечерва стигна до уште едно фантастично остварување.

Погодокот за водство на Јувентус од 0-2 против Сасуоло беше вкупно 100. гол на Роналдо во дресот на „старата дама“, со што Кристијано стана прв во историјата со најмалку сто постигнати погодоци за три клубови од различни земји, плус трицифрен број на репрезентативни голови.

Роналдо постигна 118 гола при своите настапи за Манчестер Јунајтед, дури 450 пати стрелаше прецизно како член на Реал Мадрид, во Португалија досега броеше со 103, а вечерва стана првиот играч во историјата на Јуве кој за три години успеал да стигне до 100 гола во дресот на „старата дама“.

Се вчитува...