Јирген Клоп се соочува со уште еден проблем на седум дена до финалето од ЛШ против Реал Мадрид, откако Тијаго Алкантара се повреди на денешниот дуел против Вулверхемптон.
„Црвените“ на последните три средби останаа без Фабињо, Ван Дајк, Салах и Гомез, а на листата на повредени денеска се приклучи и Тијаго, кој се пожали на болка во мускулот пред самиот крај на полувремето.
Шпанскиот плејмејкер настрада без контакт со противнички фудбалер, но веднаш стана јасно дека проблемот не е наивен откако тој пред судискиот свиреж се упати самиот кон соблекувалната.
Деталните лекарски прегледи ќе покажат дали Тијаго ќе биде „фит“ за мечот со Реал Мадрид што ќе биде на програмата наредната седмица.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА