Уште еден тенисер суспендиран поради допинг

Перуанскиот тенисер Арклон Уертас дел Пину доби суспензија од две години поради допинг. На 25-годишникот првобитно му беше изречена привремена суспензија откако во декември минатата година во неговиот примерок беше пронајден канабис.

„Меѓународниот независен суд утврди дека неговот кршење на правилата не било намерно, но тој не успеа да докаже дека не е крив“, стои во соопштението на ИТФ. 

Дел Пино пред суспензијата беше 337. тенисер на АТП листата, а суспензијата ќе трае до октомври 2021. година.

Се вчитува...