Уште една ѕвезда нема да оди во Катар: Германија на Мундијалот без Вернер

Се зголемува списокот на фудбалски ѕвезди кои нема да играат на Мундијалот во Катар. Последен на листата е Тимо Вернер, германскиот репрезентативец кој вчера на мечот со Шахтјор заработи повреда на лигаментите на зглобот, потврди неговиот клуб Лајпциг.

После лекарските прегледи, германскиот тим потврди дека напаѓачот ќе го нема до крајот на 2022 година. Вернер се најде на поширокиот список на селекторот Ханс Флик за Мундијалот, но Светското првенство ќе остане само пуста желба.

Германија може да стравува пред Катар, со оглед дека и Марко Ројс и Лерој Сане се на листата на повредени играчи и се крајно неизвесни за настап.

Се вчитува...