Усик ги одбрани појасите, Џошуа пропушти историска шанса, па полуде (видео)

Александар Усик ја продолжи доминацијата на боксерската сцена откако Украинецот славеше со судиско бодување во супер-борбата против Ентони Џошуа што беше одржана во Саудиска Арабија.

Усик доби предност од 116-112 од едниот, 115-113 од другиот судија, а само еден од арбитрите му даде минимална предност на Џошуа (113-115), што значеше дека титулите и шампионските појаси во ВБА, ИБФ и ВБО верзиите остануваат во сопственост на Украинецот.

Усик, кој е олимписки шампион од Лондон во 2012 година, има скор од 20 победи (13 од нив со нокаут) во професионалниот ринг, додека Џошуа претрпе порази на три од последните пет борби. Британецот беше видно разочаран поради пропуштената шанса да стане дел од одбраното друштво кое три пати успевало да стигне до епитетот светски првак во тешка категорија, нешто што досега им успеало на Али, Мурер, Кличко, Луис, Холифилд.

Победникот Усик по триумфот изјави дека сака следната борба да му биде со Тајсон Фјури, шампионот на ВБЦ, со што победникот на таа борба би станал неприкосновен светски првак во тешка категорија, прв што му успеало вакво нешто уште од Ленокс Луис.

Џошуа тешко го прифати поразот, па по борбата ги фрли појасите на противникот надвор од рингот. За среќа, украинскиот боксер остана смирен, со што беше избегнат инцидент.

Се вчитува...