Успешен карате-семинар на Недеви во Грција (ФОТО)

Изминативе денови во Толон, Грција се одржа меѓународен карате семинар на кој учествуваа каратисти од Македонија и Грција.

Семинарот го водеа: Димитрис Казакас и Али Вароуди од Грција, а како гости инструктори од Македонија беа Венцислав и Дејан Недев. На семинарот беа презентирани повеќе карате техники и кати и беа разменети искуства кои ќе им бидат од корист на македонските и грчките каратисти за претстојните меѓународни натпревари.

Двете страни се договорија соработката да продолжи и понатаму се со цел за што поуспешен меѓународни настапи на каратистите од двете држави. Во иднина каратистите од Македонија и Грција ќе настапат на претстојните меѓународни натпревари како што се ИТКФ Светскиот куп во традиционално карате од 22-24 септември во Неа Мудања, Грција и европскиот шотокан шампионат на 1-2. декември во Кадиз, Шпанија.

Се вчитува...