Успешен семинар на Недеви во Берлин

Венцислав и Дејан Недев минаа успешен ЈКА карате семинарот со Сенсеи Такенори Имура – 8 дан кој изминатиов викенд се одржа во Берлин, Германија.

На семинарот учествуваа повеќе од 200 каратисти од повеќе држави од Европа, меѓу кои и Македонија преставувана од Венцислав и Дејан Недев кој на Сенсеи Имура му подарија монографија за 50 години карате во РМ.

На семинарот беа презентирани врвни карате техники и нови тренажни методи за постигање на врвни резултати во карате спортот. Следен ваков семинар ќе се одржи со Сенсеи Татсуја Нака во Париз, Франција во месец ноември.

Се вчитува...