Ужасни сцени во Крагујевац: Навивачите ги нападнаа играчите на Раднички и покрај изборениот опстанок (ВИДЕО)

Ужасни сцени по натпреварот меѓу Раднички Крагујевац и Јавор во српската Суперлига, на кој Раднички одигра нерешено (2-2) на домашен терен, таман толку колку што му требаш за да се избори за опстанок.

Но, последниот свиреж на судијата, место славење за останување во лигата, донесе ужасни сцени.

Маскираните навивачи на домашниот тим почнаа да ги бркаат и тепаат фудбалерите на Раднички, а фрлаа и факели кон нив.

Според информации од српските медиуми, играчот од средниот ред на домашниот тим, Милош Ристиќ, поминал најлошо. Тој добил неколку удари во лицето, по што завршил и во болница.

Не беа поштедени ниту странците, но видеото покажува дека и играчите решија да им возвратат на навивачите. Беше видена вистинска тепачка, а некои навивачи не се забавуваа добро и покрај тоа што и самите беа претепани.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Glas Šumadije (@glassumadije.rs)

Се вчитува...