ВАДА отвора истрага за допинг против 23 кинески пливачи

Светската антидопинг агенција (ВАДА) објави дека ќе започне независна истрага за тоа како 23 кинески пливачи избегнале казна и покрај позитивните допинг тестови.

Австралискиот „Хералд Сан“ објави дека 23 кинески пливачи биле позитивни на допинг тест непосредно пред Олимпијадата во Токио, но на сите им било дозволено да пливаат бидејќи примероците наводно не биле чисти.

Сите беа позитивни на триметазидин во тренинг камп еден месец пред најголемиот спортски настан во светот во Јапонија во 2021 година. Светската пливачка федерација и Светската антидопинг агенција потврдија дека примероците не биле чисти и затоа не можеле да ги суспендираат пливачите од Кина.

Се вчитува...