Вајналдум и официјално нов фудбалер на ПСЖ

Џеорџино Вајналдум и официјално е нов фудбалер на француски ПСЖ.

И покрај тоа што претходно се очекуваше да потпише за Барселона, сепак во последен момент го одбра францускиот клуб кој се појави со побогата понуда.

„ПСЖ со задоволство информира дека потпиша со Џеорџино Вајналдум. Холандскиот репрезентативец кој доаѓа од Ливерпул, потпиша до 30. јуни 2024“ – се вели во соопштението од ПСЖ.

Според најавите, годишната плата на Вајналдум во ПСЖ ќе изнесува 9,5 милиони евра.

Се вчитува...