Вајналдум пресече: Го напушта Ливерпул за Барселона

Ливерпул ќе остане без значаен фудбалер за наредната сезона откако Џио Вајналдум донел конечна одлука да не потпише нов договор со „црвените“ и летово како слободен играч да си замине од „Енфилд“. Преговорите за нов договор траеја неколку месеци наназад, но управата на Ливерпул не ги задоволи барањата на холандскиот плејмејкер, кој инсистираше да добие плата многу слична на оние на Салах и Ван Дајк како најплатени во тимот.

Весникот „Мирор“ тврди дека Вајналдум веќе ја избрал и својата следна дестинација во кариерата – Барселона. Каталонците го бараа овој фудбалер и пред стартот на сезонава, тогаш не постигнаа договор со „црвените“, но сега имаат можност да го доведат Вајналдум без никаква отштета. Актуелното „техничко раководство“ на Барса во исчекување на претседателските избори веќе остварило контакт со агентот на Холанѓанецот, при што е постигнат начелен договор. Без разлика кој од тројцата кандидати за претседател ќе победи на изборите, се очекува само да го потврди трансфер со кој Барса ќе добие големо засилување без никаква отштета.

Британските медиуми објавија дека Клоп веќе ја почнал потрагата по нов играч за врска како замена за Вајналдум, а на врвот на неговата листа со желби се наоѓа Де Паул од Удинезе.

Се вчитува...