Вака е најслатко: Пред своите навивачи и со триумф потврден пласманот на Европско првенство (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Женската ракометна репрезентација на Македонија со стил го потврди своето учество на Европското првенство во Австрија, Унгарија и Швајцарија, откако вечерва на домашен терен славеа против репрезентацијата на Литванија со 34-24. Иако со победата над Азербејџан нашите девојки изборија пласман на ЕП, вечерва сето тоа го потврдија со уште еден сигурен триумф.

Ова беше после 12 години првпат обезбедено Европско првенство преку квалификациски циклус. На минатото игравме како домаќини.

Се вчитува...