Ваква парабола ни Облак не може да фати – само бод за Атлетико во Виго

Атлетико Мадрид ремизираше 1-1 на гостувањето против Селта, резултат со кој „јорганџиите“ остануваат на третото место и се на чекор до осигурување на пласман во ЛШ за следната сезона.

Неочекувано, резултатот беше отворен веќе во првата минута, откако Алваро Мората одлично се снајде во шеснаесетникот и ја затресе мрежата на Селта. Домаќините израмнија на почетокот од второто полувреме со погодокот што со многу среќа го постигна Белтран. Тој шутираше по еден центаршут од десната страна, не ја зафати најдобро топката, но таа доби неочекувано движење и го изненади Јан Облак завршувајќи во горниот агол од неговиот гол.

Се вчитува...