Валенсија го одбра новиот тренер – Хави Грасија

Шпанскиот стратег Хави Грасија е новиот тренер на Валенсија.

50-годишниот Грасија на кормилото на Валенсија ќе го наследи Алберто Селадес кој доби отказ минатиот месец, па тимот до крајот на сезоната го водеше Салвадор Гонзалез Марко.

Грасија претходно работеше во Малага, Вилјареал, Осасуна и Рубин Казан, а го водеше и тимот на Ватфорд.

Со назначувањето на новиот тренер, шпанските медиуми денеска пренесоа информација дека Валенсија сериозно е загреана за услугите на македонскиот репрезентативец Енис Барди.

Се вчитува...