Валенсија и Столе Димитриевски ќе имаат тешка сезона, го доживеаја петтиот пораз во првите седум меча во Ла Лига

Екипата на Валенсија за која настапува голманот на македонската репрезентација, Столе Димитриевски, го доживеа петтиот пораз во седмото коло во Ла Лига.

Валенсија на својата „Местаља“ е поразена со 2:3 од Реал Сосиедад и тоа со гол постигнат во судиското продолжение.

Голот за победа на Реал Сосиедад го постигна Баренечеа во 91-та минута. Претходно, Сучиќ во 26-та и Солер од пенал во 76-та минута стрелаа за тимот од Баскија, додека головите за Валенсија беа дело на Мајол во 57-та и Беитиа кој во 84-та минута си постигна автогол.

Валенсија останува претпоследна 19-та на табелата со само четири освоени бодови, додека Реал Сосиедад е 15-ти со седум бодови.

Се вчитува...