Валенсија има нов тренер, Марселино доаѓа на „Месталја“

Фудбалскиот клуб Валенсија денес официјално го претстави Марселино Гарсија Торал за нов предводник на тимот. Шпанецот потпиша двегодишен договор, а официјално со работа ќе започне по завршувањето на оваа сезона. „Лилјаците“ после две сезони неуспех и четири различни тренери, конечно добија тренер кој има респект како врвен стратег во шпанскиот фудбал, зад екипите кои се веднаш зад Реал, Барселона и Атлетико.

Фановите на клубот се воодушевени од ангажманот на Марселино и сметаат дека управата на чело со сингапурскиот бизнисмен Питер Лим кочено добиле премија, бидејќи последните екперименти со Гери Невил, Нуно Еспирито Санто, Пако Ајестеран и Чезаре Прандели беа неуспешни.

Фактот дека овој потег ќе биде добар за Валенсија е тоа што Марселино негува офанзивен фудбал и вметнува победнички менталитет во тимот. Впрочем, тој на некој начин е творецот на денешниот Виљареал, со оглед на тоа дека ги водеше три сезони.

Шпанскиот тренер беше пред превземање на кормилото на Интер, откако „нероаѕурите“ му врачија отказ на Франк де Бур, Марселино допатувал во Милано за да постигне договор то калчолигашот, но во последен момент управата на Интер одлучила да го ангажира Стефано Пиоли, кој пак пред некој ден остана без работното место. Можеби и подобро што не стана тренер на Интер, бидејќи му се кроеше истата судбина.

Во неговата тренерска кариера Марселино ги предводел Спортинг Хихон, Рекреативо, Расинг Сантандер, Севилја и претходно споменатиот Виљареал. 

Се вчитува...