Валенсија избра: Ова е одбраната на сезоната на Столе Димитриевски (видео)

Столе Димитриевски бранеше во неверојатна форма на голот на Валенсија во вториот дел од сезонава, со што беше меѓу најзаслужните што „лилјаците“ обезбедија опстанок во Примера Дивизион.

Во Валенсија се горди што имаат голман со квалитетите на Димитриевски во своите редови, неодамна му го продолжија договорот до 2028 година, а поранешниот шпански првак денеска ја објави и најдобрата интервенција на Македонецот во изминатата натпреварувачка сезона.

Во година во која тој имаше бројни извонредни одбрани, избрана е онаа од дуелот со Вилјареал, како уште една потврда на класата на македонскиот чувар на мрежата.

Се вчитува...