Валенсија продолжува да тоне: Лас Палмас го најде лекот за „лилјаците“ (видео)

Иако забележа две последователни победи во изминатиот период, Валенсија никако не успева да ја одржи таа низа и вечерва беше поразена од Лас Палмас (3-1). Натпреварот започна одлично за Валенсија, која прва дојде до предност, преку погодокот на Санти Мина во 21-та минута од натпреварот.

Тој погодок како да значеше освестување за домашната екипа, која после неколку минути се закани преку Боатенг, кој не беше успешен во својот обид. Тоа што не му успеа на Боатенг, му успеа на Џонатан Виеира кој одлично биеше во мрежата на гостинската екипа. Веќе второто полувреме беше во знакот на Лас Палмас, а црвениот картон на играчот на Валенсија, Ел Хадади, ја најави победата на домаќините.

Маурицио Лемос одлично биеше од слободен удар и го доведе својот тим во предност (2-1), а три минути подоцна, Кевин Принц-Боатенг во свој стил стрелаше за конечни 3-1.

Las Palmas 3-1 Valencia – All Goals… by riqezi

Се вчитува...