Валверде две години на кормилото на Барса, промоција в четврток

Шпанскиот стратег Ернесто Валверде е нов тренер на шпанскиот гигант Барселона. Тој потпиша двегодишен договор со клубот од „Камп Ноу“, со опција за продолжување за уште една дополнителна година. Валверде ќе го наследи Луис Енрике на клупата на Барселона, а официјалната промоција ќе ја има в четврток.

„Валверде ги има сите тренерски квалитети, како и човечкиот карактер, самоувереноста, знаењето и искуството за да ја води Барселона во следниот период. Тој ќе потпише договор на две години, со опција за продолжување, и веруваме дека ќе го продолжи патот по кој успешно чекори нашиот клуб“, изјави претседателот на Барселона, Хозеп Мариа Бартомеу.

Се вчитува...