Валверде на продажба, но кој ќе плати 100 милиони евра

Жозе Мурињо подготвува сериозен ремонт во играчкиот кадар во Реал Мадрид, новиот тренер добил слобода да одлучува околу изгледот на екипата, а прва „ѕвезда“ што ќе си замине од „Сантијаго Бернабеу“ ќе биде Федерико Валверде.

Мадридските медиуми веќе известуваа дека соиграчите биле исфрустрирани од бројните испади на Валверде во текот на ланската сезона, што кулминираше и со физичкиот конфликт со Чуамени од кој токму Уругваецот го извлече подебелиот крај.

Фудбалери со квалитети како оние на Валверде (борбеност, брзина, поливалентност) вообичаено важат за омилени кај Мурињо, но Португалецот токму од овој ас да направи пример дека нема да биде толерирано непрофесионално однесување. Згора на тоа, Флорентино Перез веќе преговара со Челси за Енцо Фернандез, играч што треба да бие директна замена за уругвајскиот репрезентативец во Мадрид.

Реал ја одреди и цената, и тоа најмалку 100 милиони евра, па останува да се види кој клуб ќе се реши да издвои толкаво богатство за да го доведе големиот ас во своите редови. Манчестер јунајтед и Ливерпул се во потрага по играчи на овој дел од теренот, а ПСЖ исто така будно ја следи ситуацијата, подготвен да се вклучи во трката.

Се вчитува...