Фудбалерот од средниот ред на Реал Мадрид, Федерико Валверде се најде на критики поради навредите кои ги упати кон левиот бек на Ливерпул после финалето на Лигата на шампионите.
Реал Мадрид победи и така по 14-ти пат во својата историја ја освои Лигата на шампионите. Интересно беше и после натпреварот. Во центарот на вниманието беше Валверде како го исмејува Енди Робертсон. Тие го критикува Валверде поради таквиот однос, и порачаа дека еден професионалец не треба така да се однесува кон противникот.
„Потешко ми е да го чувам мојот син отколку Робертсон“, рече Валверде.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА