Десниот бек на премиерлигашот Вест Хем Јунајтед, Арон Ван-Бисака би можел да го промени државјанството и да стане репрезетативец на Демократкса Република Конго.
Ван-Бисака е роден во Англија и настапуваше за англиската репрезентација во сите помлади возрасни категории. Подоцна, во 2019 година, по одличниот старт во дресот на Манчестер Јунајтед, каде пристигна од Кристал Палас, доби покана за настап во сениорската репрезентација. Но, поради повреда отпадна од таа акција, а подоцна повеќе не беше повикан.
Од ДР Конго во неколку наврати го повикаа Ван-Бисака, но тој ги одби, но сега неговото име се најде на списокот од 26 играчи за пријателските натпревари против Мали и Мадагаскар кои ќе се играат на почетокот на јуни.
ДР Конго на крајот на оваа година ќе игра на Африканскиот куп на нации во Мароко, а е во добра позиција по шест од десет одиграни кола од квалификациите за СП 2026 година, откако е лидер во групата Б со 13 бода, еден повеќе од Сенегал.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА