Ван Дајк избра – сака да игра за Гвардиола

Вирџил ван Дајк донел одлука за својата иднина, решавајќи кариерата да ја продолжи во дресот на Манчестер сити. Оваа информација синоќа ја пренесоа неколку англиски медиуми, според кои од неколкуте понуди што ги добил, дефанзивецот на Саутемптон ја избрал токму онаа на „граѓаните“. Според нив, пресуден фактор била желбата на Холанѓанецот да настапува за Пеп Гвардиола, тренерот што го смета за најдобар во светот во моментов.

Гвардиола минатото лето плати 50 милиони фунти за да ја засили одбраната со Стоунс од Евертон, но откако англискиот репрезентативец не се покажа како достојно засилување стратегот на Сити повторно ќе троши богатство на централен дефанзивец. За услугите на Ван Дајл се интересираат и Челси, Ливерпул и Манчестер јунајтед, но според последните информации „граѓаните“ за сума од 50 милиони фунти веќе на самиот старт од преодниот рок ќе го комплетираат овој трансфер.

Гвардиола планира Ван Дајк да игра во срцето на одбраната крај Стоунс, со капитенот Компани како резервна опција, а речиси сигурно е дека од Манчестер летово ќе си замине Аргентинецот Отаменди.

Се вчитува...