Ван Дајк: Во тешкотиите лежат можностите, ќе се вратам подобар (ФОТО)

Вирџил ван Дајк се соочува со долг период на отсуство од фудбалските терени откако беа потврдени првичните лоши прогнози за степенот на повредата која ја доби при ударот со Џордан Пикфорд на дербито меѓу Ливерпул и Евертон. Ќе му биде направена операција поради повредата на вкрстените лигаменти на коленото и ќе му требаат повеќе месеци за рехабилитација. Во обраќање на социјалните мрежи, Ван Дајк вели дека ќе го надмине овој предизвик и ќе биде уште подобар од претходно.

„И покрај очигледното разочарување јас верувам дека во тешкотиите лежат можностите, со помош на Бог ќе се вратам уште подобар, поподготвен и посилен од било кога порано“ – стои во писмото на Ван Дајк.

 

 

 

 

Се вчитува...